Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, на денешната седница, Управниот одбор на Кошаркарската Федерација на Македонија, донесе и разгледа повеќе значајни одлуки.
Во рамките на расправата по усвоениот дневен ред, Управниот одбор донесе одлука за регулирање на финансиските обврски на клубовите, со која:
• За старите долгови се овозможува подмирување со 40% попуст, најдоцна до 31 мај,
• За обврските од тековната сезона се овозможува 20% попуст, со рок за подмирување до
20 јуни.
Со оваа мерка се овозможува финансиско растоварување на клубовите и создавање основа за стабилен и дисциплиниран систем во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Исто така, беше отворена расправа по Предлог-правилникот за лиценцирање на клубовите за настап во системот на натпреварување во Република Македонија, кој ги опфаќа:
• МТЕЛ Супер лига мажи
• Прва лига-жени
• Прва лига-мажи
Правилникот е структуиран во 12 основни целини, и тоа:
• Општи одредби
• Услови за лиценцирање
• Спортски критериуми
• Инфраструктурни критериуми
• Административни и правни критериуми
• Финансиски критериуми
• Организациски критериуми
• Етички критериуми
• Постапка за лиценцирање
• Видови на лиценца
• Контрола и ревизија
• Завршни одредби
Управниот одбор ја потврди определбата за воведување на јасен и строг лиценцен систем, при што донесе заклучок:
• Се задолжуваат стручните служби на федерацијата, во рамките на своите надлежности, да превземат активности за извршување на дополнителна анализа на Предлог-правилникот.
Стручните служби се задолжуваат во рок од осум (8) дена да:
• Извршат сеопфатна проверка на предложените решенија, пред се од спортски и правен аспект,
• Да дадат конкретни предлози за подобрување и доуредување на одредбите,
• Да предложат јасни и применливи решенија, со цел обезбедување на функционален и одржлив систем на лиценцирање,
По доставување на мислењето и предлог-решенијата, Управниот одбор ќе пристапи кон конечно усвојување на Правилникот за лиценцирање.










