Македонските кадети ја победија Грузија

84
during the ISF World School Handball Championship on April 22, 2026 in Skopje, Former Yugoslav Republic Macedonia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Македонската машка кадетска репрезентација ја запиша и втората победа на Светското училишно првенство во ракомет, откако славеше против Грузија со убедливи 13-46 (6-23).

За разлика од првиот натпревар против Бугарија, нашите млади ракометари одиграа стабилно и квалитетно уште во првото полувреме во кое беа подобри со 6-23.

Македонската репрезентација продолжи да доминира и во вторите 30 минути. После 20 минути игра резултатот беше 12-41, уште една потврда дека бодовите ќе останат на нашето конто.

Најдобри стрелци во нашиот табор беа Симоновски со 15 и Георгиев со девет погодоци.

Нашите кадети утре играат против Р. Српска.

ПретходноПриведен е поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини! Се сомничи за проневера на 700.000 евра
СледноФан зоната за ракометното дерби ќе биде на платото пред салата „Јане Сандански“