Со синоќешната победа на домашен терен, над тимот на Чаир, кошаркарскиот клуб Работнички и е пред обезбедување на опстанок во МТЕЛ Супер кошаркарската Лига.
Стратегот на КК Работнички, Владимир Мирковски по дуелот, со емотивна, инспирирачка порака и се обрати на јавноста по повод последните настани.
„КК Работнички не е само клуб, тоа е карактер, историја и инает. Да останеш со скратен ростер, да работиш во тишина кога сите други се откажуваат, и сепак да создадеш тим што никој не може лесно да го скрши тоа не е случајност. Тоа е дисциплина. Тоа е вера. Тоа е визија. Овие момци покажаа дека името се брани со срце, не со буџет. Ако клубот продолжи по овој пат — со стабилност, со доверба во луѓето што ја носат приказната и со оваа работничка филозофија — враќањето таму каде што му е местото не е прашање „дали“, туку „кога“. А кога ќе дојде тој момент, ќе биде заслужен“ – изјави Мирковски.










