Михајловски: Со Матео Фадуил, РК Вардар го затвора ростерот за следната сезона

299

Во моментов ракометниот клуб Вардар, а во пресрет на вечерашниот дуел против тимот на Алкалоид во СРЦ „Јане Сандански“, одржа прес конференција на која што главен збор има првиот човек на клубот, Михајло Михајловски.

Тој отворено и соопшти на јавноста дека францускиот интернационалец, Матео Фадуил е најновото и воедно и последно засилување за клубот, што се однесува до ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Михајловски смета дека со доведувањето на квалитетниот среден бек, РК Вардар односно ростерот ќе биде посилен за 40%.

Што се однесува пак до личните податоци на Фадуил, тој во моментов има 23 години и игра на позицијата среден бек. Целата досегашна кариера ја мина во Франција, а во своето ракометно созревање беше дел и од Нант, каде што настапуваше во периодот од 2019 до 2021 година. Во моментов настапува за тимот на Трембле.

Конечно, за каков потенцијал и квалитет се работи, доволно говори фактот што Фадуил беше дел од националниот тим на Франција пред Европското првенство во 2026 година.

 

ПретходноШК Алкалоид со нов предизвик на СП во шах за сениори
СледноРеал до крајот на сезоната без Милитао и Арда Гулер