Приведен е поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини! Се сомничи за проневера на 700.000 евра

161

Како што објави порталот Скопе 1, но и други портали, утрово во акција на МВР приведен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Според пишувањето на медиумите, акцијата е спроведена во кординација со надлежното Основно јавно обвинителство.

Сејдини се сомничи, како што се пренесува, за проневера на 700.000 евра, пари дадени од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид.

Познато е дека ФФМ во февруари оваа година соопшти дека Дисциплинската комисија му изрекла казна на Сејдини во врска со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирма изведувач задолжена за изградба на трибина на стадионот во Охрид.

Сејдини тогаш доби и забрана за вршење на функција од двет години како делегат на Собранието на ФФМ, пораду сторено дејствие измама и доведување во заблуда орган на Фудбалска организација, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.

ПретходноВо ТФТ не се предаваат: Имаме уште еден меч во Скопје, ќе направиме сè за да победиме
СледноМакедонските кадети ја победија Грузија