Кошаркарите на Баерн (М) остварија нова победа во германскиот шампионат, откако вечерва беа подобри од Вирцбург на гостински терен со 81:90. Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од гостинскиот тим и мечот го заврши како трет најдобар реализатор кај Баварците.
Во победата на неговата екипа, Димитријевиќ запиша 16 поени со 5 скока и 9 асистенции и беше на само една асистенција од „дабл-дабл“ ефект. За екипата на Баерн ова беше четврта последователна победа во шампионатот која ги остава убедливо на врвот на табелата.










