Уште една фуриозна победа на кадетките за пласман во 1/4 финале

151

Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет. Нашите ракометарки ја запишаа втората победа, откако ја совладаа Грузија со 13-45 (9-22).

Одлично прво полувреме отворија со 1-6, брзо го наметнаа своето и само го зголемуваа водството. Мотивот доаѓаше од трибините кои беа исполнети, во салата “Крсте Мисирков” имаше одлична атмосфера.

На одморот резултатот беше 9-22. Но, тука не застанаа нашите ракометарки, продолжија да доминираат. По само 10 минути игра поведоа со 12-31.

Во нашиот табор Рона Мифтари беше најјефикасна со осум погодоци, а по пет постигнаа Мила Ристовски и Тара Аврамовска.

Утре, нашите кадетки ќе играат против Словачка за првото место во групата, мечот е закажан со почеток во 10:30 часот.

ПретходноРеал Мадрид ги одреди приоритетите за ова лето
СледноОд таборот на Сити порачуваат: Победи на сите мечеви до крај, ако сакаме да сме шампиони