Македонската борачка Консевич не успеа да освои бронза на ЕП

47
фото: Боречка Федерација на Северна Македонија (FB)

Македонската борачка Вероника Консевич (Рјабоволава) не успеа да се закити со медал на актуелното Европското првенство за сениори во Тирана.

Таа во првата борба во четвртфиналето загуби од Лилија Маланчук од Укрина 0-8, но бидејќи Украинката се пласира во финалето и овозможи на Вероника да се бори за бронзата. Консевич во борбата за бронзениот медал силите ги одмери со репрезентативката на Турција, Туба Демир, и загуби на поени со 6-2.

Со тоа нашата борачка во категоријата до 55 килограми на крајот мораше да се задоволи со пласман на 5. место.

ПретходноВардар го прослави 65-тиот роденден со шампионска победа против Алкалоид (ФОТО)
СледноЕден бод до титула: Вардар во ретро-дресови со нови бодови и на милиметри до титула! (ФОТОГАЛЕРИЈА)