Искусниот голман, Никола Митревски и натаму ќе биде дел од тимот на Е.Пелистер. Македонскиот претставник во Лигата на Шампионите сезонава, предмалку ја информираше јавноста дека е потпишана нова соработка со искисниот чувар на мрежата.
Со неа официјално, Никола Митревски, се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Во објавата Е.Пелистер додава дека е исклучително задоволен како клуб што Митревски останува во Битола, како важна алка во моменталниот ростер, и како дете на клубот кој што и натаму е верен на неговата матична средина во многу важен период.










