Убави сцени од Светското училишно првенство во ракомет: Најмладите фанови со најискрени честитки

161

Уште еден победнички ден за машката и женската кадетска репрезентација на Македонија на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Кадетките предводени од Даниела Новеска Вељаноска ја запишаа втората победа на шампионатот, откако славеа против Грузија со 45-13. Со овој триумф обезбедија место во четвртфиналето. Утрешниот натпревар против Словачка, последен од групната фаза, ќе биде за првото место. Мечот е закажан со почеток во 10:30 часот во салата „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Нашите кадетки имаат мотив плус на секој натпревар, трибините се исполнети до последното место. Учениците од ова училиште им приредија одлична атмосфера, а победата и пласмнот беше прославен со заедничка фотографија.

„Утрешниот натпревар против Словачка ќе биде поразличен од мечевите против Белгија и Грузија, кои се еден вид на подготовка за она што ни следи. Презадоволна сум од настапот на девојките, ова е резултат на целиот труд и работа кој го вложуваме цела година. Имаме одлична атмосфера. Пресреќни сме што се одржува еден ваков голем настан кај нас, голема блаагодарност до Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Министерството за спорт и нашата федерација, направија нешто што до сега не се случило. Среќни сме што ова Светско училишно првенство е во ракомет, спортот број еден во Македонија“, изјави после натпреварот со Грузија, Даниела Новеска Вељаноска.

Иста атмосфера денеска имаше и во салата „Македонско Сонце“. Каде нашите кадети веќе имаат свои фанови, сите после победата над Грузија, втора за Македонија, чекаа во ред за да направат фотографија и да добијат автограм. Поддршката од најмладите секогаш е најискрена.

Машката кадетска репрезентација утре во салата „Македонско Сонце“ (10:30 часот) игра против Р. Српска.

И на двата натпревари, Македонија имаше поддршка од претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицкоска, која е причината поради која нашата земја е организатор на еден ваков голем настан.

ПретходноКовентри не го дава Лампард: Toj знае што направи тука и зошто треба да остане!
СледноВардар го прослави 65-тиот роденден со шампионска победа против Алкалоид (ФОТО)