Судот одреди 30 дена притвор за Муамед Сејдини!

69

Муамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, со одлука на Основниот кривичен суд доби 30-дневен притвор. Ова е на барање на Јавното обвинителство кое поведе истрага против Сејдини откако вчера беше уапсен поради сомневање на финансиска проневера од околу 660.000 евра.

Мерката притвор е одредена поради сомневање дека лицето сторило Кривично дело Проневера во службата.

Со одлуката дојде и објаснувањето од судот дека мерката притвор се определува поради опасност од бегство на осомничениот, како и можност да влијае врз сведоци и докази во постапката.

Инаку некогашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, според МВР и Јавното обвителство, се сомничи дека проневерил 660.000 евра при изградба на трибина на стадионот “Билјанини Извори“.

ПретходноИран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!
СледноЛазаров: Не е лесно да се игра пред ваква публика! На Вардар му посакувам среќа во Европската лига