Амбасадорката на Словачка и претседателката на ФУСМ, Мицковска заедно го следеа натпреварот помеѓу Македонија и Словачка (ФОТО)

145

Горди сме што и машката и женската кадетска репрезентација на Македонија по третпат победија на Светското училишно првенство во ракомет. Кадетките беа подобри од Словачка со 28-13 и како првопласирани одат во четвртфинале, додека пак кадетите ја совладаа Република Српска со 25-27 и се на чекор до пласман во полуфинале.

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, денешниот натпревар помеѓу Македонија и Словачка во женска конкуренција го проследи со амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова и градоначалникот н Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

По завршувње на натпреварот Македонија и Словачка направија заедничка фотографија за долго сеќавање и потврда дека спортот секогаш обединува, дека фер-плеј играта е поважна од резултатот.

Благодарност до Основното Училиште „Крсте Мисирков“ за гостопримството и одличната атмосфера.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноОфицијално: Алкараз го пропушта Ролан Гарос!
СледноСонот на Италија и неговото „зошто да не“ – Пеп наскоро ќе одлучи!