ВМФЛ: Лидерот убедлив, победија и Охрид, Скопје и Шкендија (А), Осогово во Прилеп броеше до 8!

219
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Немаше никакви изненадувања попладнево во мечевите од 26.коло во ВМФЛ. Сите аспиранти за највисок пласман победија па така и натаму изгледот на табелата, барем за првите четири места, остана ист.

Брегалница без проблем славеше дома против Слога Виница со 4:1, па така и натаму е лидер, но сега со 61 бод. Шкендија Арачиново како гостин во Гевгелија успеа да победи со 0:1, додека Скопје со 0:2 славеше на гостувањето кај Преспа. Победи и Охрид како гостин и тоа во Тетово кај Тетекс со 1:2.

Осогово не покажа милост за некогашниот гигант, Победа. Тимот од Кочани попладнево во Прилеп ја “торпедираше“ домашната екипа со неверојатни 1:8. Интересно беше и во Новаци, каде истоимеиот состав и Детонит одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ 26.КОЛО

Брегалница – Слога (В) 4:1

Саса – Г.Коњари 1:0

Кожув – Шкендија (А) 0:1

Новаци – Детонит 1:1

Победа – Осогово 1:8

Преспа – Скопје 0:2

Тетекс – Охрид 1:2

Вардар (Н) – Беласица 1:4

ТАБЕЛА

Брегалница 61, Охрид 59, Скопје 59, Шкендија (А) 59….

ПретходноПМФЛ: “Лавовите“ не се предаваат, Работнички на колена во Ѓорче! (ФОТО)
СледноВест Хем со херојска победа, триумф и на Тотенхем