Денешниот слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет беше резервиран за прошетка на сите делегации низ главните знаменитости во Скопје, како и за „Вечер на Нации“.
Целта на на „Вечер на Нации“ беше промоција на културните вредности на делегациите – учесници на Светското училишно првенство во ракомет, преку претставување на традицијата, обичаите и културниот идентитет.
Македонската делегација се претстави со Пајдушко Оро. Нашите кадети блеснаа на сцената, беше вистинско уживање да се види нивниот перформанс.
Пред утрешните важни натпревари од хотелот „Холидеј Ин“ заедно испратија во еден глас пееја: Македонија оле оле…најавувајќи колку се мотивирани, нивната желба е да ја направат горда нашата нација.
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска доби благодарница од Саудиска Арабија за одличната организација.

За постетување, кадетките утре во салата „Македонски херои“ игра четвртфинале против Бразил (10:30 часот), додека пак кадетите во последниот меч од групната фаза ќе се сретнат со Саудиска Арабија, натпреварот се игра во салата „Македонско сонце“ со почеток во 12:30 часот.
Светското училишно првенство е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.










