Милан Ристовски со нов гол за Бохемианс

43

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Милан Ристовски денеска е стрелец за својот тим Бохемианс, во домашната победа против тимот на Спарта Прага од конечни 2:0.

Бохемианс секако имаше улога на аутсајдер на овој меч против фаворитот, но тоа не му пречеше на домаќинот, а особено не на нашиот Ристовски да се истакнат денеска.

Напаѓачот го отвори резултатот на овој меч со погодокот во 60. минута, а само две минути подоцна, Хулка ги постави конечните 2:0.

Ова за Милан Ристовски е четврти гол во овогодинешниот шампионат на Чешка.

ПретходноФермин и Рашфорд за триумф на Барселона
СледноГостивар ги совлада Ангели на нивен терен