Рома го држи европскиот курс

21

Тимот на Рома попладнево успеа да забележи уште една победа во домашниот Серија А шампионат.

„Волчицата“ триумфираше со 0:2, на гостувањето кај Болоња, со головите на Мален во седмата односно Ел Ајнауи во судиското продолжение од првиот дел.

Потоа, домаќинот немаши ниту сила, ниту капацитет да се враќа резултатски.

Рома со оваа победа дојде до 61. бод во 34 мечеви, и се наоѓа на петтата позиција на табелата, која што секако обезбедува пласман во Европа следната сезона.

Од друга страна Болоња е осма со 48 бодови од исто така 34 мечеви.

 

ПретходноСтоле Димитриевски и Валенсија со домашен триумф над Џирона
СледноГенијалната одбрана на Столе ја спаси Валенсија (ВИДЕО)