Во последниот дуел од денешната домашна кошаркарска програма, тимот на Чаир со 76:63 го совлада тимот на Феникс со што и официјално го испрати овој клуб во понизок ранг на натпреварување. По ваквиот развој на настаните му олесна на Работнички кој што чекаше победа на Чаир, за да може да остане на деветтата позиција во плеј аутот.
Со ова се комплетира тројката закована на дното на табелата, а покрај Феникс тука се и Гостивар и тимот на Ангели.
Што се однесува пак до дуелот Чаир – Феникс, домаќинот го одигра овој меч строго професионално и во спортски дух иако бодовите воопшто немаа значење.
Сепак, и покрај тесниот дуел, и на моменти резултат, Чаир покажа дека во моментов е поквалитетен тим.
Со 22 поена и 12 скока, Билингсли го предводеше домаќинот, а го следеа Тачи со 14 поени и 16 асистенции, како и Саити со 21 поен.










