Екипата на Бадел 1862 е првиот финалист во плеј-офот кај дамите. Овој тим го приреди најголемото изненадување, губеше со 1-0 во серијата, а потоа со две победи си обезбеди битка за титулата. Денеска на гостински терен славеше со 59-61. Таму ќе го чека противникот, ќе биде или Вардар или Крива Паланка.
Третиот натпревар беше неизвесен, особено во самиот финиш. Баскет кам поведе дури на нешто повеќе од три минути до крајот (53:52), кога Адамовска погоди две слободни фрлања. Како најава за драматична завршница во која подобро се снајдоа гостинските кошаркарки.
На 55.секунди до крајот, домашниот тим одново поведе со (57:55). Но прво Фримен, а потоа и Клири донесоа уште една пормена на водството за Бадел 1862. Следуваа две реализирани слободни фрлања на Димова, за егал (59:59) и 16 секунди до крајот на играта.
Во нив, Фримен беше успешна од истата позиција, а во клучниот напад, Адамовска направи грешка, за голема победа на Бадел 1862 и место во финалето.
Фримен беше централна фигура во играта на сега веќе финалистот на плеј-офот. Реализираше 26.поени, дополнети со седум скока и четири асистенции. Клири имаше дабл-дабл ефект од 13.поени и 10.скока (имаше и четири асистенции), а Чолакоска додаде уште 10.поени (и три скока).
Во редовите на сега веќе поранешниот шампион, Камсимпвска заврпи со 18.поени (и седум скока), Адамовска имаше 15.поено )шетс скока и три асистеции),а Димова 13.поени и 16.скока.










