Кадетките преку Бразил до полуфинале!

107

Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.
<span;>Во четвртфиналето нашите надежи после пресврт славеа против Бразил со 19-18.

Бразил отвори со 2-7, водеше и со 4-8, но тоа не ги обесхрабри нашите кадетки. Се издигнаа, ја зацврстија одбраната и ги намалија техничките грешки. Сето ова придонесе за са направат серија од 5-1 за водство на полувремето од 11-10.

Нашата голманка Дуновска Марија беше одлична на голот, а Македонија на стартот на второто полувреме поведе со 12-10, беше 13-11.

<span;>Неизвесноста продолжи, Македонија беше гол до два позитива. Дуновска продолжи во одлична форма, а нашите кадетки поведоа со 16-13 и 18-15. Оваа позитива се покажа како доволна за победа.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Ања Лашкоска со пет и Тара Аврамовска со четири погодоци.

ПретходноБраво: Дарио Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник!(ВИДЕО)
СледноРојевиќ: Честитки до моите ракометари, се вративме од минус седум гола разлика!