Вардар го „нокаутира“ Тиквеш со седум гола

143

Лидерот на прволгашката конкуренција, тимот на Вардар на најдобар можен начин покажа дека сезонава е најголем фаворит да ја освои титулата.

Овојпат, во рамките од 29. Коло од ПМФЛ шампионатот, Варадр на домашен терен на Арената Тодор Проески во Скопје, успеа да слави над Тиквеш со високи, убедливи и заслужени 7:0.

Високиот триумф на Вардар беше најавен уште во третата минута од мечот кога Цветковиќ уште во третата минута успеа да реализира за 1:0.

Во 25. Минута Горан Закариќ зголеми на 2:0, а само четири минути подоцна во 29. Минута Дарко Велковски веќе создаде троцифрена предност за домаќинот.

Уште во тој момент се виде во кој правец ќе оди овој дуел. Георгије Јанкулов во 39. Минута веќе прави Вардар да има предност од 4:0, по што катастрофата на Тиквеш веќе беше на повидок.

Црвениот картон на Данаил Тасев, само ја поткрепи катастрофата која што му се подготвуваше на овој меч ан Тиквеш.

Во второто полувреме во 61. Минута Вардар преку зголемува и на 5:0, за да потоа на сцена стапи капитенот Азер Омерагиќ.

Најпрво во 75. Минута со глава успеа да реализира за 6:0, а во 82. Минута беше досуден пенал за домашните. Капитенот сигурен Омерагиќ реализатор за 7:0 и вистинска катастрофа за гостинскиот тим.

 

ПретходноНемили сцени во Струмица: Ивановски со тешка повреда, веднаш пренесен во болница!
СледноПМФЛ: Пелистер освои ЗЛАТНИ три бода во Струмица!(ВИДЕО)