Јокиќ фантастичен: Србинот со трипл-дабл го сочува Денвер во живот!(ВИДЕО)

636
фото: Denver (X)

Кога беше најтешко и кога тимот на Денвер беше пред елиминација, Никола Јокиќ одигра фантастичен натпревар и му донесе победа на својот тим со трипл-дабл.

Денвер Нагетс преживеаа. Србинот успеа да го предводи тимот до победа од 125:113 за 2:3 во серијата од плеј-офот. Реално, неизвесноста во овој натпревар постоеше само до полувремето и моментот кога Србинот погоди невозможна тројка од девет метри над Руди Гобер. Во третиот период, Денвер се одлепи, а на почетокот на четвртата четвртина стана јасно дека Минесота не може да го постигне ова. Денвер стигна до предност од 27 поени, но кога Минесота стигна до 109:96 на шест минути до крајот, Дејвид Аделман мораше да побара тајм-аут. На крајот, Минесота дури стигна и до „минус 10“, но со тројката на Кристијан Браун, тимот на Никола Јокиќ успеа да ја зачува предноста.

Никола Јокиќ веќе имаше трипл-дабл на почетокот на третата четвртина и го заврши натпреварот со 27 поени, 16 асистенции и 11 скока. Му помогна Џамал ​​Мареј со 24 поени, 7 асистенции и 4 скока, но „факторот икс“ на овој натпревар беа Спенсер Џонс и Камерон Џонсон. Спенсер Џонс постигна 20 поени, а Камерон Џонсон имаше 18 поени, 6 скока и 5 асистенции. За Минесота, Џулиус Рендл постигна 27 поени, имаше 9 скока и 6 асистенции, додека Ајо Досунму додаде 18, а Боунс Хајленд и Шенон имаа по 15 поени.

На останатите натпревари утринава, Оклахома го победи Феникс со131:122 за крај на серијата од 4:0, а Орландо славеше против Детроит со 94:88 за 3:1 во серијата.

ПретходноФенербахче со “шут-карта“ за тренерот Тедеско!
СледноЕнрике пред спектаклот во ЛШ: Никој не е подобар од ПСЖ