ТФТ нема право на грешка: Го загубивме целиот меч, но не и целата серија! Нема да се предадеме!

83

ТФТ денеска ќе има шанса да му се реваншира на Широки и да се избори за мајсторка во финалето на плеј-офот во АБА2-лига. Македонскиот тим игра во салата „Лазар Лечиќ“ со почеток во 19 часот.

На првата средба Боро Смилковски и неговите момци беа поразени со 88-69.

“„До ор дaj“ натпревар за нас. Самата припрема го акцентираше психолошкиот аспект и пристап за натпреварот. Во едно лимитирано време за работа успеавме да корегираме и одредени тактички детали во насока на подорбар перформанс. Го респектираме противникот, но се респектираме и себе, важноста на натпреварот го става карактерот на екипата на тест – нешто што сум сигурен дека ќе го поминеме“, изјави пред мечот Боро Смилковски. 

Виктор Ташовски, еден од лидерите на ТФТ верувам дека со полна сала можат да дојдат до посакуваната победа.

„Го загубивме првиот натпревар, но не и целата серија. Нема да се предадеме, во четвртфиналето бевме во оваа ситуација и направивме пресврт во целата серија. Игравме одлично во првите две четвртини, нашиот пад беше во второто полувреме и се надевам дека ќе ги исправиме грешките и нема да дозволиме пад на концентрацијата. Се надевам на полна сала и поддршка од трибините и да докажеме дека резултатот од првиот натпревар не е реален.“

ПретходноБелистојаноски потпиша со првиот тим на Пелистер
СледноДимитриевски: Во моментов сум во најдобрата можна форма