Мадрид ќе “гори“: Чоло против Артета, Атлетико против Арсенал! (ФОТО)

111
ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/

Вечерва од 21 часот се игра првиот меч од второто полуфинале во Лигата на Шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал. И јасно е дека по синоќешната БАЈКА во Париз, во која ПСЖ и Баерн Минхен го одиграа најдобриот меч во историјата на фудбалот, вечерва можеме да очекуваме нешто сосема поинакво. Не дека ќе нема спектакл, не дека Мадрид нема да “гори“, а “Метрополитано“ ќе очекува фудбалски земјотрес, туку ќе се игра на тактика, ќе се игра да не се прими гол. Диего Чоло Симеоне и Микел Артета се сосема некои други фудбалски школи од Луис Енрике и Винсент Компани.

Некои велат дека шансите за пласман во големото финале се на страната на “јорганџиите“, тие се поодморни, фокусот им е во ЛШ. За разлика од нив тимот од Лондон сеуште е во “мртва трка“ за титулата во Премиерлигата ама и формата им е далеку од онаа од пред неколку месеци.

Арсенал е растргнат на две страни, но Арсенал го има најдобриот тим во ПЛ, а со тоа и во светот. И Артета ако сака пласман во финалето ќе мора конечно на својот тим да му “каже“ да почне да игра фудбал, вистински фудбал.

Се на се во очеквање сме на нов спектакл, и ако биде барем 25% од она што беше синоќа вистинските фудбалски фанови ќе бидат презадоволни. Да потсетиме, реваншот се игра на 5 мај на “Емирејтс“ во Лондон.

ПретходноИзвлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории
СледноХаланд со три зборови го опиша чудото „ПСЖ и Баерн“