ЛЕ и ЛК 1/2 финале: „Шумарите“ на мегдан со Астон Вила, Рајо го пречекува Стразбур (ФОТО)

42
ФОТО:facebook.com/officialnffc/

По возбудувањата во Лигата на Шампионите вчера и завчера, вечерва се играат сите први полуфинални мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Јасно е дека во преден план е дуелот на некогашните европски прваци од пред четири децении и повеќе, Нотингем Форест против Астон Вила. Тимот на Вила веројатно е фаворит ако се знае дека реваваншот се игра на нејзин терен, но ова е Европа, ова е полуфинале и јасно е дека се е можно.

Брага на свој терен го дочекува Фрајбург во второто полуфинале во Лигата на Европа.

Во Лигата на Конференции, Рајо Ваљекано, некогашниот тим на Столе Димитриевски и тимот кој со 2:0 ја победи Шкендија во 1.коло во Лигашката фаза, на свој терен игра со Стразбур, додека во второто полуфинале играат Шахтјар и Кристал Палас.

Сите мечеви се играат вечерва од 21 часот а реваншите се закажани за 7 мај.

ДВОЈКИ ЗА ЛЕ – 21 Ч

Брага – Фрајбург

Нотингем Форест – Астон Вила

ДВОЈКИ ЗА ЛК – 21 Ч

Рајо Ваљекано – Стразбур

Шахтјар – Кристал Палас

ПретходноСудбината на Стив Кер сè уште e неизвесна, се споменува неверојатно сценарио
СледноАрсенал поднесе жалба до УЕФА!