Официјално: Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан!(ФОТО)

317
ФОТО:.facebook.com/fft.tj/

И официјално. Некогашниот селектор на нашата А-репрезентација, Игор Ангеловски Мрме, од денеска е нов предводник на селекцијата на Таџикистан. Оваа вест е потврдена од Фудбалската федерација на Таџикистан, која и ја објави веста дека Македонецот е нов селектор на А-репрезентацијата на таа земја со што беше извршена и промоција.

Инаку познато е дека Ангеловски, покрај тоа што беше селекор на Македонија, беше и тренер на Работнички, Каспиј, Горица и Етникос.

Во објавата се вели дека Ангеловски ќе го подготвува националниот тим на Тацикистан за Азискиот Куп кој ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2027 година.

ПретходноГотово е: Ешли Јанг објави крај на кариерата!(ВИДЕО)
СледноСудбината на Стив Кер сè уште e неизвесна, се споменува неверојатно сценарио