Клоп ја донел конечната одлука, го информирал и Дон Флорентино!

308
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, а посебно “инсајдерите“, се чини дека Јирген Клоп ја донел конечната одлука дали во јуни го презема Реал Мадрид или не.

Имено “кралевите“ играат далеку под сите очекувања и оваа сезона, и постојат големи шанси ова да биде втора сезона по ред без трофеј за „Кралевите“, што е еднакво на катастрофа за тој клуб.
Веќе се зборува многу за фактот дека Перез повторно ќе го смени тренерот и дека тоа ќе биде трет пат за само една година.
Зинедин Зидан и Јирген Клоп се најголемите желби на Перез, но Зидан веднаш го одбил бидејќи веќе се согласи да ја преземе клупата на француската репрезентација по Светското првенство, на кое чекаше пет години. Што се однесува до Клоп, тој моментално работи за групацијата Ред Бул и е многу пореална опција од Зидан. Клоп бил контактиран и од Перез кога го отпуштил Алонсо, но потоа не бил постигнат договор. Овој пат, претседателот на Реал повторно му се јавил на Клоп и му дал до знаење колку го сака на клупата на овој клуб и дека ќе му даде сè што сака само за да ги води Кралевите.
Сепак, Клоп сè уште нема желба да се врати на тренерската работа иако поминале две години откако го напуштил Ливерпул.
Шпанските медиуми наведуваат дека Клоп и сега официјално ја одбил понудата на Перез и му соопштил на првиот човек на „кралевите“ дека не е заинтересиран да го води Реал Мадрид бидејќи верува дека не е ниту место ниту време за таков предизвик во неговата кариера. Тој е задоволен од неговата моментална вклученост во групацијата Ред Бул и верува дека преземањето на жешката клупа на Реал лесно би можело да тргне наопаку за само неколку месеци, а дека Алонсо е најдобар доказ за тоа.

ПретходноТрамп го призна поразот за Иран:„Знаете што? Нека играат на Мундијалот!“(ВИДЕО)
СледноБернардо Силва е подготвен да ја чека Барселона