Пеп за мечот ПСЖ – Баерн: Луис и Винсент се лоши тренери, играчите им се ср**е, ср**е!

269
Фото: Манчестер Сити Х

Иако минаа три дена, сепак сеуште топ-тема во фудбалските кругови е епскиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен кој заврши 5:4. Според многумина тој е најдобриот натпревар на сите времиња.

Јасно е дека не изостана ниту коментарот на Пеп Гвардиола, кој беше и тоа како саркастичен. Интересно е тој за време на тој натпревар слеше во живо меч од пониските лиги во Англија:
Видов дека тој натпревар доаѓа и си помислив, ужасен натпревар. Луис и Винсент се лоши тренери. Покрај тоа, нивните играчи се ср**е, ср**е, а јас го сакам англискиот фудбал, па го гледав Стокпорт“, одговори саркастично Гвардиола.
После тоа, тој откри дали ги гледал најдобрите моменти од натпреварот од Лигата на шампионите.
„Не, го гледав целиот натпревар кога се вратив дома од натпреварот помеѓу Стокпорт и Порт Вејл, со чаша добро вино.“

Некои мислат дека бил одличен натпревар бидејќи завршил 5:4, други се прашуваат што правела одбраната?
„Да, но тоа е фудбал, тоа е убавината, нели? Сите сме различни, на пример, јас сум поубав од тебе“, заврши Пеп.

ПретходноРојевиќ пред реваншот со Целје: “Сите заедно со публиката ја пишуваме историјата на клубот и градот Охрид“!
СледноХаос е во Реал: Ѕвездата на тимот си оди, а на Арбелоа му порачал…