„Специјалниот“ за интересот на Реал: “Ви гарантирам, досега никој не разговарал со мене!“

46
ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Жозе Мурињо е тема на неделата во португалските медиуми, па и во шпанските поради наводниот интерес на Реал Мадрид за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“. Тој досега немаше свој коментар за тоа, но сега „Специјалниот“ си кажа што мисли:
„Не, никој од Реал не разговарал со мене, тоа ви го гарантирам. Поминав многу години во фудбалот, исто како и вие во новинарството, веќе сме навикнати на овие работи. Но, навистина нема ништо од Реал Мадрид“, рече Мурињо.
„Што се однесува до Бенфика, вие знаете сè. Имам уште една година од договорот, тоа е сè“, рече Мурињо.
Тој зборуваше и за стабилноста на еден клуб и дека тоа зависи од долгорочната посветеност на тренерот.
„Колку подолго тренерот останува во клубот, толку повеќе го гради тимот што го сака. Тоа е нормален процес. Погледнете ги примерите на Арсенал и Манчестер Сити. Тие го имаат истиот тренер шест, седум години, очигледно е дека ги контролираат сите детали. Тренерите што доаѓаат и си одат имаат потешкотии да остават свој белег“, рече Мурињо.

ПретходноСамиот потврди: Инфантино ќе се кандидира за нов мандат!
СледноПМФЛ: Шкендија само до реми во Кратово, на Вардар му се насмевнува титулата!