Венеција се врати во Серија А

74

Со ремито 2:2 против слабиот тим на Специја, тимот на Венеција и официјално се врати во Серија А, откако минатата сезона испадна од неа.

Тимот сезонава игра и повеќе од добро, со што заработи промоција ранг погоре. Во денешното коло, улога одигра и поразот на Монца од 3:2, кај Мантова, што и овозможи на Венеција големо славје.

Па така, Венеција по четврти пат во историјата обезбедува пласман во Серија А и тоа на коло до крајот на шампионатот, кое што пак се игра следниот петок.

 

ПретходноКожув со победа над ТФТ ја заокружи сезоната
СледноШпанија закажа пријателски дуел против Ирак