Фото за историја: Охридската европска бајка продолжува, на ред е пехарот!

1000

ГРК Охрид по голема драма и по изведба на пенали успеа да се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да се најде на два меча до пехарот. Македонскиот претставник во ова натпреварување на патот до комплетна историја го има тимот на Татабања за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески.

Охриѓани пред полни трибини го совладаа Целје, а наскоро ќе дознаат детали околу финалето, од каде ќе ја стартуваат битката за пехарот, кој лани го освои Алкалоид.

Езерскиот тим полека, но сигурно ги придоби симпатиите од охриѓани, ракометот стана спорт број еден во овој град. Се очекува сезоната да се заокружи на најдобар можен начин, а првпат надвор од Скопје да се слави една европска титула .

ПретходноСледното издание на Африканскиот куп на нации ќе се игра на лето
СледноХулк си замина од Атлетико Минеиро, сега ќе оди во Флуминенсе