Ракометарите на Бутел Скопје го совлада Тиквеш 2014 со 21-20 во еден навистина возбудлив натпревар од седмото коло во суперлигашкиот плеј-оф. Бутелчани успеаја да стигнат до првиот триумф во оваа фаза од разигрувањето, додека Тиквеш не успеа да го задржи ритамот во финишот за да се избори барем за реми.
Целиот натпревар помина во израмнета битка, па и на полувреме беше егал – 11:11. Во финишот Бутел направи два гола предност, 21:19 и се чини тоа беше клуч за победата.










