Леброн Џејмс успеа без Дончиќ, и на 42 години – „кралот“ е вечен (ВИДЕО)

240
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Вечниот Леброн Џејмс, на 42-годишна возраст, ги одведе Лејкерси во 2-то коло од плејофот на Западот. Во шестиот, одлучувачки натпревар од серијата против Хјустон, тој го предводеше тимот до победа од 98:78, постигнувајќи 28 поени. Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ во текот на целата серија, „Кралот“ го направи она што го прави со децении – го стави својот тим на грб и го одведе во следната рунда. Таму ќе имаат многу потешка работа, бидејќи противник на Лејкерси ќе биде актуелниот шампион и најдобриот тим во лигата – Оклахома.

Со доминантен настап и водство од почетокот до крајот на натпреварот, Лејкерси влегоа во втората рунда за прв пат од 2023 година.

Заедно со Џејмс, Хачимура беше најефикасен кај Лејкерси со 21 поен (пет тројки), а во Хјустон, Томпсон (18) и Шенгун (17) постигнаа најмногу поени.

Торонто се избори за мајсторка со чудесна тројка на Берет, а Детроит го стори истото, убедливо победувајќи го Орландо (93:79), за резултат од 3-3 и во таа серија.

ПретходноСаму Коста е херојот на Мајорка вечерва
СледноЛуис Енрике направи сцена на прес-конференција, им аплаудираше на новинарите (ВИДЕО)