Ојлески: Чувстувавме притисок, но надминавме се, знаевме дека ќе биде тешко

204
фото: ГРК Охрид (FB)

Во фантастична атмосфера, ракометарите на ГРК Охрид успеаја на пенали да го совладаат Целје и да обезбедат историско финале во ЕХФ Европската лига. По натпреварот, капитенот Ојлески зборуваше за текот на натпреварот.

„Знаевме дека нема да биде лесно, дека ќе биде еден ваков тврд натпревар, дека ќе биде тешко. Чувствувавме можеби малку и притисок дека играме на домашен терен и дека мора да анулираме гол-предност. Меѓутоа, ете, на крај, пеналите, успеавме. Целје е извонредна екипа која игра добар ракомет, модерен. Не послужи малку и среќата“, вели Ојлески. 

Охриѓани сега ги чека финалниот двомеч со Татабања на крајот на мај.

ПретходноПознати се најважните датуми: Финалните дуели на крајот на мај
СледноСледното издание на Африканскиот куп на нации ќе се игра на лето