Поради најавената бура: Поместен е стартот на Ф1 трката во Мајами!

214
ФОТО:facebook.com/Formula1/

Како што потврдија организаторите, поради предвидената бура на територијата на Мајами, Ф1 трката ќе започне три часа порано наместо закажаното 22:00 часот по средноевропско време, тоа значи дека стартот е поместен за 19:00 часот, што секако е добро за гледачите во Европа и можат да уживаат во неа малку порано.

Како што е наведено во соопштението, одлуката е донесена со цел трката да се прекинува што е можно помалку, да се обезбеди максимален можен прозорец за завршување на настанот во најдобри услови и, пред сè, да се даде приоритет на безбедноста на возачите, навивачите, тимовите и персоналот.
Да потсетиме дека пол-позицијата ја освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес во квалификациите, додека Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, му се заканува од второто место.
Во вториот ред се Шарл Леклер и Ландо Норис, ко триумфираше во спринтот во саботата. Џорџ Расел е петти и ќе стартува веднаш до Луис Хамилтон, додека Оскар Пјастри, Франко Колапинто, Исак Хајар и Пјер Гасли се наредени на десеттата позиција.
Кога станува збор за генералниот пласман, Антонели има само седум бода пред својот клупски колега Расел. Со Антонели кој стартува од пол-позицијата, а Расел од 5-то место, Италијанецот има добри шанси да ја зголеми својата предност, но му е потребна победа за да обезбеди мирен крај на викендот поради заканата од Верстапен, кој не ја започна добро сезоната.

ПретходноОва на Меси претходно му се нема случено: Интер Мајами водеше со 3:0, на крајот беше поразен!
СледноСе лади шампањското: Вардар веќе следниот викенд може да ја официјализира титулата!