Иако се големи ривали, сепак РК Вардар денеска јавно, преку своите социјални мрежи му го честиташе големиот успех на РК Охрид, пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.
„Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија.
На ГРК Охрид – GRK Ohrid му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт.
Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз.
Честитки за РК Охрид“ пишаа од некогашниот двоен еврпоски шампион.
Инаку честитки за РК Охрид од сите страни, меѓу првите честиташе и РК Куманово.










