Струга ТЛ сака триумф против АП Брера, за да се вмеша во битката за второто место

38

Струга Трим Лум почувствува дека има шанса за втората позиција и има максимално големи мотиви да ја победи АП Брера на денешниот дуел од 30.коло во Првата лига. По ремито на Шкендија во Кратово, стружани заостануваат шест бода, но таа негатива можат да ја преполоват со евентуален триумф против АП Брера, а потоа следи и дербито во Тетово со второпласираната Шкендија.

Марко Ангелети, италијанскиот голман кој ја игра својата прва сезона во елитната македонска Прва лига, го сподели своето мислење во пресрет на натпреварот против АП Брера.

„Некои резултати во вториот дел од сезоната не ни беа на највисоко ниво, вклучувајќи ги и двата натпревари против АП Брера. Искрено, не можам да најдам оправдување, но мора да се фокусираме на иднината и да стигнеме до победа на денешниот меч. АП Брера е екипа што не смее да се потцени. Со оглед на нивната ситуација на табелата, очекувам да одиграат максимално мотивирано. Но, верувам дека поддршката од нашите навивачи ќе ни даде дополнителна енергија за да ја оствариме целта и да победиме“, изјави Ангелети.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и АП Брера е закажан за 16 часот, на Градскиот стадион во Струга.

ПретходноХанси Флик го понижи Реал Мадрид како никој до сега
СледноЕнрике размислува за иднината, ПСЖ пронајде засилување во Реал Мадрид?