Фудбалерите на Тотенхем под водство на Роберто де Зерби вечерва ја остварија можеби најважната победа оваа сезона. На гостувањето кај Астон Вила, лондончани кои грчевито се борат за опстанок во Премиерлигата успеаја да слават со 1:2 и да дојдат до три златни бодови во битката за опстанок.
Тотенхем тргна силно и уште во првиот дел од мечот дојде до посакуваната предност. Со еден прецизен удар од далечина Галагер го отвори резултатот во 12. минута, а во 25. минута по еден одличен центаршут Бразилецот Ришарлисон со глава по вторпат го матираше домашниот голман за водство на гостите од 0:2.
Тотенхем успеа да ја зачува предноста се до судиското надополнување, кога Буендиа само намали на 1:2. Со овие три бода да се искачи на 17. место на табелата, со бод предност пред Вест Хем кој е прв од трите клуба во „црвената зона“.










