(НЕ)ОЧЕКУВАНО: Барса го продава Рафиња за 90 милиони евра?!

455
ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/

Иако е капитен, иако покрај Јамал е клучен играч на Барселона, местото на Рафиња на “Камп Ноу“ повторно е доведено во прашање, објавуваат „Скај Спортс“ и локалното издание „Спорт“.

Бразилецот продолжува да привлекува внимание, а шефовите на „Каталонците“ се информирани дека можат да очекуваат солидна понуда вредна околу 90 милиони евра на лето. Ова е многу солидна сума и шефовите на големиот клуб се сериозно заинтригирани од можноста да се разделат со Рафиња за толку импресивна понуда, која се смета за можност за клучни приходи што ќе му овозможат на клубот лесно да се вклопи во критериумите на Ла Лига за финансиски фер-плеј и правилото 1 спрема 1, но и за планираниот избор на лето.

На самата понуда работи лично агентот на бразилската ѕвезда – Пини Захави. Токму тој ги информираше луѓето во Барса дека таква понуда доаѓа и најверојатно ќе биде од клуб во Саудиска Арабија, каде што веќе итно бараат нови ѕвезди за да го обноват интересот за локалното првенство. Врвниот фудбалер претпочита да остане во клубот и не ја прифаќа лесно можноста да си замине, но ова би можело да се промени ако добие јасна порака од шефовите дека претпочитаат тој да не биде дел од клубот.

ПретходноЖФК Скопје 2014 е првак на Македонија
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шефки Арифовски (Брера)