Ван Дајк: Ова што го играме е неприфатливо за Ливерпул

44
фото: Fabrizio Romano (X)

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, по поразот од Манчестер Јунајтед пред новинарите зборуваше за настапот на тимот во тековната сезона во англиската Премиер лига.

„Не сум тука да се извинувам. Ова беше многу разочарувачка сезона, неприфатлива сезона за нас, а тоа е тешко. Воопшто не треба да ни е жал за себе. Мора да работиме, мора да ги свртиме работите и да се осигураме дека ова нема да се повтори следната сезона, бидејќи ова е неприфатливо за Ливерпул“, вели Ван Дајк.

По 35 натпревари од англиската Премиер лига, Ливерпул има 58 бода и е четврти на табелата. Арсенал е лидер на табелата со 76 бода.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Закариќ е “моторот“ на Вардар
СледноВиљареал и официјално ќе има нов тренер