Добра вест за Вардар 1961: Малус и Хориха ќе бидат во составот за најважниот дуел

241

Вардар 1961 има тешка мисија за пласман на завршницата во Европската лига, на домашен терен утре треба да анулира десет гола разлика против Монпеље за да се најде меѓу најдобрите четири екипи кои ќе се борат за пехарот во ова натпреварување.

Тренерот Иван Чупиќ верува дека може да се случи чудо, бидејќи салата ќе биде исполнета до последното место.

Мотив плус за тимот е кам-бекот на најдобрите ракометари, Хориха и Малус. Двајцата не можеа да настапат, но и двајцата сега ќе бидат во составот, колку ќе помогнат ќе биде познато утре на лице место.

ПретходноЧупиќ е голем оптимист: Може после мечот со Монпеље некој ќе рече дека сум будала…
СледноЕве што прво направил Киву откако ја освои титулата…