Маџари го доби првото полуфинале со ТФТ (ФОТО)

57

Кошаркарите на Маџари поведоа со 1:0 во полуфиналето на плеј-офот во домашното првенство, откако вечерва во салата во Градскиот Парк по едно продолжение успеаја да слават против фаворитот ТФТ со 82:84. Во исклучително возбудлив и неизвесен натпревар до самиот крај, кошаркарите на Маџари кои се дебитанти во елитната конкуренција успеаја да го совладаат финалистот од плеј-офот во АБА 2 лигата и да направатс ериозен исчекор кон големото финале.

Дека мечот ќе биде многу интересен навестија воведните 10 минути, кои гостите ги добија со 3 поени разлика (16:19). ТФТ успеа да се врати во вториот период и до полувреме да дојде на само минус еден (34:35) .

Вториот дел ТФТ го одигра многу подобро, направи пресврт и дојде до предност од 56:52, но во завршните 10 минути, кошаркарите на тренерот Тодоровиќ покажаа на што се подготвени и успеаја да дојдат во егал завршница за продолженија (73:73).

Во дополнителните 5 минути и двата тима се менуваа во водство, но Мацари на 5,5 секунди до крајот дојде до предност од еден поен и две слободни фрлања, од кои Димчевски реализираше едно, а во последниот напад ТФТ ја загуби топката и остана без можност за ново израмнување.

Грин со 19 и Армстронг со 17 поени го предводеа гостинскиот тим до триумф, додека кај ТФТ, Говенс беше најрасположен со 28 поени.

ПретходноЦел стадион славеше: Некој се радува на титула, а некој на старт на нова сезона со 0 бодови! (ВИДЕО)
СледноГолман сам си даде гол во 90. минута, навивачите го обвинија дека се обложувал (ВИДЕО)