Шампион ФА шампионски, титулата во женска конкуренција ја носат во Штип

32

Со тесна победа над прилепската екипа Младост 96, пингпонгарките на Шампион ФА од Штип ја освоија титулата во најдобрата македонска женска лига за сезоната 2025/2026.

Со победа од 4:3 во последното коло со директниот конкурент, штипската екипа ја освои титулата, додека Младост 96 ги имаше работите во своите раце, но не ја искористи шансата.

Екипата од Штип е предводена од шампионката во поединечна конкуренција Амелиа Николов, а титулата ја освои заедно со Сара Стојановска и Мила Штркова.

ПретходноПетар Маркоски е нов играч на РК Прилеп
СледноФК Тиквеш и градоначалникот Јанчев со реакција: Се оградуваме од нападите кон ФФМ