ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со Вардар – типуваме на победа!

85

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва го пречекува францускиот тим Монпелје во реванш натпреварот од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ.

Пред „црвено-црните” стои голем предизвик, анулирање на негатива од десет гола (33-23) и борба за место на завршниот Ф4 турнир.Само како убаво потсетување, Вардар низ историјата безброј пати покажал дека знае да се издигне кога е најтешко со посветена игра и страст.

Ние типуваме на победа! Во Видеолотарија Касинос Австрија веруваме во тимот, во нивниот борбен дух и во непокорот што го носи црвено-црниот дрес. Нашата поддршка е поддршка за спортот, за заедништвото и за победничката енергија што ја обединува цела Македонија. Вардар 1961 е токму тоа!

Во пресрет на натпреварот, Вардар 1961 подготвува вистински спектакл за навивачите. И овојпат ќе биде организирана фан-зона пред салата Спортски центар Јане Сандански, која ќе биде отворена од 18:30 часот на платото пред главниот влез.

Кога игра Вардар игра срцето на Македонија. Ние ќе бидеме тука. Рамо до рамо. До самиот крај.

Натпреварот Вардар – Монпелје се игра вечер од 20,45 часот, а ова е уште една можност сите заедно да создадеме атмосфера каква што му доликува на Вардар и на европскиот натпревар во „Јане Сандански”.

ПретходноТитулата во ЕХФ Европскиот Куп ќе се решава во Охрид
СледноЛШ – 1/2 финале: Арсенал VS Атлетико Мадрид, вечерва ќе го дознаеме првиот финалист!