Петрушев со извонреден резултат, победи на Татранскиот кајак слалом

50

Најдобриот македонски кајакар и олимписки стипендист на МОК, Ангел Петрушев, изминатиов викенд во Липтовски Микулаш, Словачка, оствари историски резултати за македонскиот кајак. ​На престижниот 78. меѓународен Татрански слалом, кој се одржува со децениска традиција, Петрушев успеа да го освои првото место, со што стана првиот Македонец во историјата кој победил на овој реномиран натпревар. Во исклучително силна конкуренција од 50 врвни светски натпреварувачи, Ангел покажа супериорност, дисциплина и врвна спортска форма.

​Успешниот викенд започна уште на 2 мај, кога на трката за ICF светскиот ранкинг, Петрушев го освои високото второ место.

Овој пласман има дополнителна тежина бидејќи, според новите правила за олимписки квалификации, бодовите освоени на ICF ранг-листите се клучни за обезбедување норма за претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

ПретходноПотврдено: ПСЖ без Хакими на реваншот против Баерн Минхен
СледноХрватите може да здивнат, Модриќ се врати на тренинг