Денеска во центарот на вниманието е уште еден ракометен натпревар. Алкалоид е домаќин на ГРК Охрид, мечот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 18 часот.
Ова е пресметка помеѓу актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп и финалистот во ова натпреварување. Алкалоид минатата сезона го подигна пехарот, откако беше подобар од грчки АЕК, додека пак ГРК Охрид е на 120 минути до истото остварување, за противник во финалето го има тимот на Татабања на Филип Талески.
Мечот меѓу Алкалоид и ГРК Охрид е претпоследен од седмото коло во плеј-офот. Домашниот тим е на четвртото место на табелата со 40 бода, додека пак гостите се трети со 46 бида.










