Чупиќ: Чудо не се случи, но ова е лекција за следната сезона во ЛШ

580

Во фантастична атмосфера во Јане Сандански, Вардар го победи Монпелје, но не успеа да ја надомести негативата од првиот меч за пат на Ф4 турнирот во ЕХФ Европската лига. По натпреварот, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ зборуваше за пресметката.

„Им честитам на ракометарите на Монпелје за пласманот на Ф4, бидејќи заслужено се пласираа таму. Одигравме одлично на денешниот меч, но не чинеше тој слаб натпревар во Франција. Верувавме во чудо, но за жал тоа на крајот не се случи. Ова е лекција за сите нас од која многу научивме за следната сезона во Лигата на шампионите“, вели Чупиќ.

ПретходноЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)