ВАРДАР ПРЕД ШАМПИОНСКИ ПЕЧАТ – ВЕЧЕРВА СЕ ИГРА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО РАКОМЕТНО ДЕРБИ

100

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби.No description available.

Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и шампионска титула.

Црвено-црните” влегуваат во натпреварот со шампионски ритам и лидерска позиција на табелата со 54 бодови, а пред својата публика ќе имаат можност да стават конечен печат на сезоната. На Вардар му е потребен само уште еден бод за официјално враќање на титулата во своите витрини.

Дуелите меѓу Вардар и Пелистер отсекогаш носеле посебна тежина, страст и атмосфера, а вечерашниот натпревар носи дополнителен мотив, борба за шампионската круна пред преполна сала „Јане Сандански”.

Дербито, Вардар 1961 –Пелистер ќе почне од 19 часот во СЦ Јане Сандански. 

ПретходноТФТ во нов обид за АБА-лига: Борац е фаворит, но не се откажуваме од нашиот сон
СледноОва го нема ни на Балканот: Ова е најголемата бламажа откако постои Реал Мадрид!!!