Атаман тргна да го тепа тренерот на Валенсија

265

Хаос на натпреварот Панатинаикос – Валенсија во салата ОАКА. Во третата четвртина од натпреварот, судијата Дамир Јавор од Словенија ги исклучи тренерите на двата тима, Ергин Атаман и Педро Мартинез, а потоа спречи нивната тепачка. (ВИДЕО)

По прекршок на кошаркар на Панатинаикос, двајцата тренери „скокнаа“ врз Јавор, барајќи објаснување или промена на одлуката. Тие беа толку интензивни во нивната реакција што натпреварот мораше да биде прекинат, но не се смирија.

Епилогот беше најтежок за двајцата – им беа доделени по две технички казни една по друга и тоа беше крајот за двајцата. На патот кон соблекувалната, Атаман дури се обиде да се соочи со Мартинез или можеби да го удри, но Јавор го задржа.

Валенсија победи н оваа средба со 87-91.

ПретходноЛШ: ПСЖ го преживеа Минхен и повторно ќе игра финале! (ВИДЕО)
СледноМинесота го претрпе најтешкиот пораз во НБА плеј-офот во историјата (ВИДЕО)