ЛЕ и КЛ: Уште два англиски тима во европските финалиња

43

Европа вечерва и официјално ги доби финалните двојки во уште две европски натпреварувања, покрај она во Лигата на шампионите.

Во второто по ранг европско натпреварување, Астон Вила го прегази Нотингем Форест во реванш дуелот од англиската пресметка со високи 4:0 и по минималниот пораз на првиот натпревар, момците на Унаи Емери на 20 мај патуваат за Истанбул, каде ќе се сретнат со Фрајбург во битката за европскиот трофеј. Оли Воткинс го постигна водечкиот гол за домашните во 36. минута, по што во вториот дел Буендиа погоди од пенал, а по него МекЏин погоди двапати за висока победа на Вила.

Фрајбург дојде до посакуван триумф над Брага од 3:1 и ги анулираше оние 2:1 кои Брага ги имаше како предност од првиот меч. Германците водеа и со 3:0 на денешниот меч, пред се поради раниот црвен картон кој го доби гостинскиот фудбалер Доргелес уште во 6. минута на средбата.

Во финалето во УЕФА Конференциската лига ќе ги гледаме Кристал Палас и Рајо Ваљекано. Англичаните без проблеми го минаа и реваншот со Шахтјор, овој пат победувајќи го со 2:1. Рајо Ваљекано, пак и вторпат славеше против Стразбур со идентичен резултат 1:0, овој пат со голот на Алемао во 42. минута.

Финалето во Конференциската лига е на 27 мај во Лајпциг.

ПретходноПелистер му ја честиташе титулата на Вардар и најави дека следната сезона ќе ја врати назад во Битола