Магдебург ја комплетираше четворката која оди на Ф4 во ЛШ

84
фото: EHF Champions League (X)

По Фухсе Берлин, Алборг и Барселона, од вечерва го имаме и последниот патник на Ф4 турнирот од ракометната Лига на шампиони. На оваа тројка им се придружи и бранителот на тронот Магдебург, кој убедливо славеше во реваншот од четвртфиналето против Пик Сегед на домашен терен со 45:37.

Дека Магдебург се сметаше за учесник во Фајналфорот беше јасно уште по првиот натпревар во Унгарија. Европскиот шампион го доби со 35:28, па реваншот беше чиста формалност.

Омар Инги Магнусон со осум гола беше најефикасен на мечот, а Даниел Патерсон постигна еден помалку во победата на Магдебург.

ПретходноШоу на Димитријевиќ: 19 поени, 8 асистенции и триумф на Баерн
СледноМалус: На вистински пат сме, следната сезона ќе се случи нешто добро!